среда, 02 мај 2012

Официјални резултати од полагањето за повисок судиски ранг

Почитувани,

На претпоследната седница на Судиската комисија на МКФ, одржана на ден 26.4.2012 г., едногласно беше усвоен Извештајот на Стручната комисија која беше задолжена за спроведување на полагањата за повисок судиски ранг.
Забележете го во целост нивниот конечен и усвоен извештај:


До: Судиска Комисија на МКФ

CC. Комесар за натпреварување


Предмет: Извештај за полагање на судии за ранг


Почитувани,

Врз основа на програмата за работа и одлуката на СКМКФ, Стручното  тело на Судиската Комисија на МКФ  одржа тестирање и практично полагање на кандидатите за судиски ранг предложени од СКМКФ. Врз основа на резултатите од сите четири делови на полагањето, Стручното  тело,  Ви го поднесува следниот

                    И З В Е Ш Т А Ј

На наведените тестирања се јавија 15 кандидати за ранг Регионален кошаркарски судија и 11 кандидати за ранг Државен кошаркарски судија. Тестирањата и практичните полагања се одржаа во периодот од 26.02.2012 до 04.04.2012 година. На сите тестирања беа применети актуелни и современи тестови кои ги препорачува Меѓународната Кошаркарска Федерација. На полагањето за физичка подготвеност се трчаше физичкиот тест Легер-86 должини. Сите кандидати кои ги положија трите елиминациони делови добија делегирања на првенствени  натпревари во рамките на системот на натпревари на МКФ.
Составен дел на овој извештај се сите тестови и матерјали користени во текот на полагањата, кои ке бидат архивирани во СКМКФ.
Врз основа на резултатите од сите четири делови на испитот за ранг, Стручното тело на СКМКФ ја донесе следната
                                                                         
                                                                            ОДЛУКА

Со ранг Регионален кошаркарски судија се стекнаа:

1.      Данев Орданчо
2.      Златевски Андреј
3.      Николов Лазе
4.      Панов Томи
5.      Петровски Петар
6.      Стојановски Сашко
7.      Тасевски Христијан


Со ранг Државен кошаркарски судија се стекнаа:

1.      Давидов Александар
2.      Крстевски Душан
3.      Мицковски Драге
4.      Стојчевски Саше


Скопје, 06.04.2012                                                                        

Стручно  тело на СКМКФ
1.      Пиперков Ѓорги – Претседател  ср.
2.      Макревски Владимир – член   ср.
3.      Цветаноски Влатко – член   ср.


СККСГС им го честита успехот на колегите кои положија, со желби за долгогодишна и успешна судиска кариера!

среда, 25 април 2012

Наши колеги на Фајнл Фор на БИБЛ

На Фајнл Фор турнирот на БИБЛ лигата одржан изминатите денови во Ган Нер, Израел, на покана на менаџментот на Лигата, честа да бидат дел од Турнирот им припадна на колегите со знакот на ФИБА, делегатот Дејан Лекиќ и судијата Игор Митровски.
Покрај еден полуфинален натпревар, и двајцата беа делегирани на големото финале помеѓу екипите на Левски и Галил Билбоа.
Финалниот натпревар беше крајно неизвесен, се играше во одлична атмосфера и после едно продолжение екипата на Галил Билбоа стигна до својот прв трофеј во БИБЛ, победувајќи со 4 поени разлика.
Им честитаме на нашите колеги за успешното издание на овој финален турнир!

Од лево кон десно: Георгиос Танацис, Адемир Зураповиќ, Мариус Чиулин, Игор Митровски, Стратос Кукулекидис

вторник, 06 март 2012

Разултати од првиот дел на полагањата за повисок судиски ранг

Почитувани членови,

Ве молиме забележете го Извештајот од Стручната комисија при СК МКФ во врска со одржаното полагање за повисок судиски ранг:


До
Судиска Комисија на М К Ф


И З В Е Ш ТА Ј
За спроведеното полагање за ранг на Кошаркарски судии


Стручното работно тело на СКМКФ на ден 26.02 2012, врз основа на својата програма за работа и Одлуката на СКМКФ, спроведе тестирања како дел од полагањата за судиски ранг. На тестирањата кои се одржаа во ДСУ Васил Антевски Дрен се постигнати следните резултати:

Регионален судија

На тестирањето за стекнување со ранг Регионален Кошаркарски Судија се појавија 13 судии, од кои подолу наведените 7 судии ги положија сите 3 дела од тестирањето и се стекнаа со право да добијат делегирање за на официјален натпревар да го полагаат практичниот дел од испитот за стекнување со ранг Регионален Кошаркарски Судија:

1. Данев Орданчо
2. Златевски Андреј
3. Николов Лазе
4. Панов Томи
5. Петровски Петар
6. Стојановски Сашко
7. Тасевски Христијан


Државен судија

На тестирањето за стекнување со ранг Државен Кошаркарски судија се појавија 10 судии, од кои подолу наведените 4 судии ги положија сите 3 дела од тестирањето и се стекнаа со право да добијат делегирање за на офицјален натпревар да го полагаат практичниот дел од испитот за стекнување со ранг Државен Кошаркарски Судија:

1. Давидов Александар
2. Крстевски Душан
3. Мицкоски Драге
4. Стојчевски Сашо

Овој извештај да биде доставен до кандидатите и Комесарот за натпреварување, за да ги спроведе соответните делегирања за полагање на последниот дел од испитите.


Скопје, 01.03.2012 Стручно работно тело на СКМКФ

1. Ѓорги Пиперков-Претседател с.р
2. Владимир Макревски-член с.р.
3. Влатко Цветаноски-член с.р

недела, 25 декември 2011

СУДИСКА ВЕЧЕР 2011: Наградени Теофиловски и Митев!

На традиционалната Судиска вечер што се одржа на 22.12 во Ресторан Скала, пред околу педесетина гости од Судиската организација на град Скопје, како и пред членовите на раководството на МКФ, доделени беа следниве награди:
- Најдобар судија на град Скопје: Антонио Теофиловски
- Најперспективен судија на град Скопје: Стојан Митев

Ви пренесуваме дел од атмосферата на оваа традиционална свеченост.






четврток, 15 декември 2011

ПОКАНА ЗА ТРАДИЦИОНАЛНАТА СУДИСКА ВЕЧЕР

Почитувани членови,
Ве ппокануваме на традиционалната Судиска Вечер, која ќе се одржи во четврток, 22.12.2011 г. во Ресторан „Скала“, со почеток во 20.30 ч.

Се надеваме дека и оваа година ќе бидеме почестени со Вашето присуство.
Поздрав,
СККСГС

четврток, 08 декември 2011

четврток, 27 октомври 2011

На барање на СККСГС: ЗГОЛЕМЕНИ СУДИСКО-ДЕЛЕГАТСКИТЕ ТАКСИ ВО МЛАДИНСКИТЕ ЛИГИ

Почитувани членови,
Дозволете да ве информираме дека Здружението на младински клубови при МКФ, на својата последна седница одржана на ден 26.10.2011 година, го прифати во целост Барањето на СККСГС и ги коригираше судиско-делегатските такси за наредната натпреварувачка сезона.
Во прилог на оваа информација можете да ги погледнете Барањето и соодветната Одлука.



СККСГС ги повикува сите колеги на задржување на нивото на професионалност и одговорно извршување на своите обврски на терен и пристојно однесување надвор од него.

СККСГС на сите свои членови им посакува успешна сезона.

Со почит,
СККСГС